Празни шишиња, расфрлано ѓубре насекаде, уништено зеленило е секојдневната слика во Охрид летово кое е одморска дестинација за Македонците во време на епидемија и затворени граници.

Дополнителна гужва прават и корисниците на ваучерите од владата кои ги пополнија хотелските капацитети.

Охрид никогаш не бил пополн, но и повалкан после секоја ноќ.

Не е поштедена дури и околината на црквата ,,Света Софија“ која стана свртилиште на младите кои оставаат невидена хаварија зад себе.

Младите ентузијасти од ,,Културолошка иницијатива 5 до 12“, чистат после нив.

Охриѓани што живеат во стариот град бараат помош и заштита на културното благо од наездата млади и невоспитани луѓе.

Општината се обидува да ја подигне свеста на гостите со делење на флаери за Ковид 19. Но, никој речиси не почитува никакви мерки.

И за крај на оваа куса репортажа, следната фотографија.

Полна детска пелена и друго ѓубре крај езерото

АКО.мк