Охрид СОС: Механизацијата на советникот Усеини вади песок од Охридско Езеро!

,,На брегот на Охридското Езеро, механизацијата во сопственост на Нефи Усеини копа песок од литоралот (односно крајбрежјето) за потребите на бетонската база. Локацијата каде се копа е во права линија со базата . Нашиот сограѓанин кој го сподели видеото се обидел да се доближи до машините и возилата, за подобро да види што се случува, но добил вербални закани: „знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме во езеро!“-објави невлаадината организација Охрид СОС.

Охрид SOS

На механизацијата немало никакви обележја од фирма.