Очајна состојба во образованието во Битола

Некогаш најпрестижното битолско основно училиште, „Гоце Делчев“, кое се наоѓа во строгиот центар на градот, денес има полупразни училници, во кои учат по неколку ученици.

Од 59 запишани првачиња, формирани се три паралелки, а најдрастичен е примерот кај третооделенците, каде од 56 ученици, формирани се 5 паралеки, една е со само 7 ученици, а останатите со 10, 11 , 12 ученици.

%d0%be%d0%b4%d0%b42 %d0%be%d0%b4%d0%b4

Ако намалувањето на бројот на ученици беше карактеристична појава во руралните средини, сега ваква состојба има во повеќе основни и средни училишта во градот. Општинскиот Совет, веќе неколку години дава согласност училштата да работат со преполовени паралелки, односно под законскиот минимум од 25 ученици, кои доколку се спојат ќе произлезе нов проблем- вишок на наставен кадар.

„Запрепастуваат бројките на намалување на бројот на ученици во нашите училишта, а наспроти тоа, бројот на наставници се зголемува. Ова покажува дека оваа локална самоуправа нема системско решение за образованието, односно се прават вештачки вработувања се отвораат нереални работни места со кои се згрижуваат партиски кадри“, вели Наташа Петровска, советник од СДСМ во Советот на Општина Битола.

natasa-p

Во Битола има 12.000 ученици во основните и средните училишта, за разлика од пред 16 години, кога имаше 16.000 основци и средношколци. Во 2000-та година, на територијата на општина Битола учеле над 10.000 основци, а сега таа бројка е едвај 7.500. Кај средношколците пак, тогашната бројка била над 6000, а сега нема ни 4000 ученици. Ваквата состојба е последица на намалениот наталитет и миграцискиот бран од кој во последните години е погодена Битола, но, од одделението за образование во општината велат дека има и иселеници кои се враќаат во родниот град.

„Факт е дека постојат ученици кои се иселиле, но има и многубројни примери во кои Општината посредувала при нострификација на документацијата на учениците повратници од западноевропските земји и од Австралија, кои се вратиле и своето школување го продолжиле во Битола“, вели Снежана Петровска, советник за образование во општина Битола.

snezana-p

Но, ова не е единствениот проблем со кој се соочуваат битолските средни и основни училишта. Најголем дел имаат огромни долгови за неплатени комуналии, неподмирени обврски кон добавувачите, сметките им се блокирани, при што, наставниците и родителите, често од свој џеб го финансираат образовниот процес.

„Состојбите во битолското образованието се очајни, а тоа е одамна паднато на коленици. Блокираните сметки е слика што ја гледаме со години наназад. И ако прашате како училиштата функционираат, директорите ќе кажат дека наменските средства што ги добиваат по различни основи, како на пример од изнајмување на простор што го имаат училиштата, наместо за набавка на нови нагледни средстав, тие се трошат за одржување на хигиената во училиштата. Наставниците од својата плата печатат материјали, купуваат нагледни средства. Обезбедувањето го плаќаат родителите, кои исто така имаат и доплнителни оптоварувања за домашниот буџет, како што се еднодневните екскурзии кои сега се во мода“, вели Наташа Петровска, од СДСМ.

Од битолската локална самоуправа велат дека, дека воспитно образовниот процес се одвива успешно, воведени се новини во согласност со европското образование, реконструирани се повеќе училишта, образованието е бесплатно, обезбеден е бесплатен училишен превоз.

И додека локалната власт, училишниот превоз го набројува како успешно достигнување во битолското образование, Специјалното јавно обвинителство, во случајот „Транспортер“ го сомничи градоначалникот Владимир Талески, заедно со директори на училишта и сопственици на превозни фирми, за злоупотроба на 360 илјади евра буџетски пари.

Годинава општината бега од обврската да го распише тендерот за превоз на ученици, а ланскиот договор завршува кон крајот на октомври. Локалната власт бара училиште кое ќе биде носител на јавната набавка, но тендерската постапка, не само што е задоцнета, туку се одвива нетранспарентно, па е неизвесно дали ќе се спроведе навреме, или пак ќе се создаде вакуум простор помеѓу ланскиот и годинешниот договор, заради што постои опасност учениците да останат без превоз.

Р.А.