ОЈО гони поранешни функционери на МВР за изборни измами

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека подготвува обвинителни акти за поранешни функционери на МВР за изборни измами во 2014 и 2016 година и тоа во Струмица, Куманово и во Скопје.

Во соопштените се наведува:

Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал ја известува јавноста дека работејќи континуирано на откривање и гонење на организираниот криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР на РМ и други физички и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица. Делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела.

Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  презема  дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.