ОЈО: Кај починатиот Илиевски нема видливи траги на насилство

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје работи на расветлување на причините за смртта на машко лице, чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа во автомобил на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје. Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство.

Јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање на траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење. Возилото е запечатено и исто така е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, соопшти МВР.

На 06.07.2018 година околу 23.,00 часот во Скопје, на ул.„3-та Мак.Бригада“, во патничко моторно возило “Тојота“ пронајден е починат В.И (33) од Скопје. Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, соопшти МВР.