Ој Вардаре македонски…

Шеста година трае геноцидот врз реката Вардар. Коритото во центарот на Скопје е претворено во градежна парцела и веќе не личи на речно корито. Водата ја нема, исчезнува, а впечаток е кога ја гледате дека не тече, всушност, како да стои.

vardar 2vardar

Не вродија со плод апелите и жестоките критики на екологистите, стручњаците, граѓанските активисти, кои се бунеа, се противеа и укажуваа дека девастацијата на реката е природен геноцид и дека природата ова нема да ни го прости.

Уништувањето на Вардар започна во 2010 година со реализацијата на налудничавиот проект Скопје 2014, кој го измени цeнтралното подрачје на Скопје до непрепознатливост. Првин, срамежливо со водоскоци во коритото по течението на Вардар, па статуа на жена што скока во реката со нозете нагоре, па трите жални врби за кои беа потрошени повеќе од 250 илјдаи евра…

%d0%bf%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%87%d0%b8%d1%86%d0%b8 %d0%b2%d1%80%d0%b1%d0%b8

Но, шокот кај нормалната јавност настапи дури кога ѓаволот ја однесе шегата и Никола Груевски им се насмеа во лице на дежурните критичари. Иако под превезот на тајноста, нема помпа, се;ење црвени панделки, камен темелници, туку – не се знае кој, не се знае во чија надлежност, но се е законски-така не уверуваа.

Го закотвија првиот брод -ресторан меѓу двата симбола на Скопје – Камениот мост и мостот ,,Гоце Делчев,,. Потоа уште еден , поголем и потоа уште еден, значи трет, најголемиот брод-хотел.

3varadr %d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0

Оваа идеја, мора да се признае дека е уникатна, невидено никаде во светот. Но, исто така мора да се каже дека се граничи со-лудост.

Паралелно се градеа двата пешачки мостови и сега на крајот, како капак на се, крешчендо на лудилото-панорамското тркало.

Низ Вардар се натрупани насипи за поминување на камионите со градежен материјал. Само темелите на панорамското тркало зафатија половина од коритото.

Кога ќе заврне и надојде реката, целото ѓубре се собира околу бродовите, а нивните влезови се поплавуваат.

По последната поплава кај обиколницата, опозицијата пред распуштање на парламентот побара, осумте милиони евра за панорамското тркало да се пренаменат за поплавените подрачја, но власта одби.

Најголемата река во Македонија е жртва на суетни и неодговорни политичари. Некогаш, политиката ги држеше рацете настрана дури од крајбрежието на Вардар, сега ги зарија во нејзината душа.

Емилија Лазаревска

Вардар кога беше само река, а Скопје-Скопје

%d0%b2%d1%81

%d1%81%d0%b0%d0%bc%d0%be-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%b0

%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%be-%d1%81%d0%ba

Wikipedia

Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде се влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската Клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува низ Скопје. Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река, Вардар навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат реките Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката Клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка Клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската Клисура, и течејќи низ Солунското Поле се влева во Егејското Море западно од Солун во Грција.