Невладината и граѓанска еколошка коалиција О2 Иницијатива, направи пресек за тоа кој ги пали дивите депонии, кој сѐ трпи од црниот чад и што треба да направи владата.

,,Сега е вистинското и крајно време, надлежните да изреагираат на долгогодишниот проблем кој нè мачи сите, проблемот на импровизираните живеалишта во градот – Вардариште, под Калето, Керамидница. Дали конечно ќе започне нивното целосно решавање“-прашуваат од оваа коалиција и посочуваат:

-Само во Вардариште, од каде постојано гори и чади, живеат околу 400 Роми. Низ цела Македонија во градовите има вакви ромски импровизирани населби.

Од аспект на загадување проблемот е масивен. Од аспект на социјала е ужасен. Дел од овие лица се т.н. фантоми, лица без документи, дел се дојдени од Косово. Во 2011 утврдени се 441 „фантоми“ во земјава, а годишно се решаваат само околу 30-50 вакви случаи.

– Децата кои не одат во училиште се првите изложени на ужасното загадување од импровизираните живеалишта, од горењето на гуми и друг отпад во зима за греење, од бизнисот на палење на кабли за да се дојде до бакарот, што се продава на црно (1кг за 200 до 300 денари). Други собираат пластични шишиња и картони кои ги продаваат во откупните центри за отпад, (за 1кг пластични шишиња се добиваат по 13 денари, за една голема вреќа пластични шишиња се добиваат околу 220 денари).


Група која гори кабли може да заработи до 2-3.000 денари на ден. Еден собирач дневно може да заработи меѓу 200-300 до 1.000 денари-анализира О2.

Според Кривичниот законик, лицата како Ќамуран може да добијат четири и повеќе години затвор. Откупувачите на црно од една до пет години.

Што прави државата да го реши овој проблем?

– Државата за имплементација на декадата и Стратегијата за Ромите за 2019 испланирала 700 илјади евра, од каде за Министерството за труд и социјала околу 135 илјади евра, од кои 7,600 евра се одвојуваат за околу 30 ДНК анализи. Со помош на овие анализи се утврдуваат крвните врски и лицата „фантоми“ можат да се запишат во матичната книга на родени и да добијат документи на идентификација.

Импровизирана ромска населба во Вардариште

Проблемот со домување на овие луѓе мора да се реши, а со тоа и со ужасното загадување. Да одвоеше државата средства за Ромите како за претседателскиве избори, овој проблем сега ќе беше решен, луѓето ќе беа сместени во монтажни живеалишта или во одредени станбени единици. Собирачите на отпад ќе влезеа во системот за рециклирање на отпад, кој ни е преку потребен. Децата ќе беа во училиште.

Господа наделжни, дали навистина ја примивте пораката од граѓаните?-прашуваат од О2 иницијатива.

Преземено од ФБ страницата на О2 иницијатива