О2 Иницијатива: Во држава каде се гори гума за правење вар повеќе доликува парастос отколку прослава

Невладина еколошка организација О2 Иницијатива, објави приказна која е пренесена во виенски АРД, за семејства кои преживуваат правејќи вар , а во печките горат камионски и автомобилски гуми.

,,Честит 8 септември од Костурино, каде два камиони гуми за тура од 48 ч се горат за правење вар. Комшиите Зоран, 35 г. и Мане, 17 г. не ги секира токсичноста од горењето на гуми, дедо му на Мане ете горел гуми и доживеал 85 г. Доказ дека не било штетно. Не ги интересира загадувањето, впрочем никој не се пожалил. Не ги секираат ни казните од €300 ако инспекција им дојде, зошто ретко доаѓала, а и заработуваат 400 евра по тура.

Држава која оставила во мрак генерации за штетноста на многу процеси, каде и горењето на гуми, отпад, која законот не си го почитува и спроведува и која не создала здрави алтернативи за своите граѓани да може да живеат и работат во оваа зацрнета земја, не ни е јасно што има да празнува.

Парастос повеќе има смисла“-кометираат од невладината О2 Иницијатива.

На линкот подолу е приказната за селото Костурино.

https://www.ard-wien.de/…/09/05/kalkbrenner-in-nordmazedon…/