О2 Коалиција, која се грижи за заштита на животната средина бара од владата да реагира и да го спречи натамошното загадување и деградирање на природата и околината:

,,Пироманија ни е дијагнозата во Република Депонија и Чадојна. Секој ден масовно нешто се пали и така цела цела година. Диви депонии, ниви, запуштени и напуштени јавни површини, кабли, гуми…. „Државава ни личи на едно бојно поле каде секојдневно секој некаде нешто пали, а граѓаните, децата мали дишат“ напиша загрижен жител, во допис до институциите и граѓанските здруженија.

РЕШЕТЕ го проблемов. 
Неопходно е да спроведете масовна едукативна кампања за штетноста од оваа појава, најдете начин преку медиумите, да допрете до луѓето, да им стане јасно колку се изложени на ризик, одете од општина до општина и директно едуцирајте ги. 
Дајте им алтернатива за стрништата, за уништувањето на отпадниот органски материјал од нивите, поставете компостари насекаде, научете ги како да компостираат, ако инсектите се причина за палењето, помогнете им со вистински информации, дајте им алтернатива која нема да биде масовна употреба на инсектициди и хербициди. 
Алтернативите сигурно им се добро познати на органските производители. Ако нема доволно контејнери за одлагање на отпад и собирањето е проблематично, поставете доволен број, воведете редовна служба која ќе го собира. 
Создадете услови за рециклирање. 
Казнувајте.
Но, решете го еднаш проблемот и дајте да не бидеме последната нецивилизирана земја на континентов.“-бара ова здружение.

Фото галерија: