Паднаа и првите оставки-директорот на МЖ Никола Костов поднесе оставка

По неколкудневнот штрајк и прекин на работата на вработените во Македонски железници, директорот на Македонски железници – транспорт Никола Костов си поднесе оставка.
Оваа информација е официјално потврдена од владата. Имено, неколку денови железничарите штрајкуваат , а возовите не сообраќаат. Вработените ги бараат заостанатите плати.
За надминување на состојбата Владата на последната седница донесе одлука да додели дополнителни 70 милион денари за МЖ. Во таа насока  беше објавено дека  Владата во рамки на важечките закони ќе ги исплати овие пари, за да се разреши состојбата со блокадата. Според законските прописи, дополнителните средства ќе може да се исплатат, ако вработените приложат соодветна документација за трошоците за завршената работа, за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот . Од владата  апелираа до менаџерскиот тим и до синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието.
Но, наместо тоа, директорот Костов си поднесе оставка.
Ова е една од ретките оставки што некој функционер си ја поднел самоиницијативно во Владата воопшто.