Падна владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц

Пратниците во австрискиот Парламент му изгласаа недоверба на австрискиот премиер Себастијан Курц и на преодната влада што тој ја предложи да ја раководи земјата до предвремените избори закажани за септември.

Со падот на владата што ја предводеше, Курц ќе остане запишан во историјата како канцелар кој бил најкратко на чело на една влада.

Тој ја изгуби довербата по аферата ,,Ибица“, поради која оставки поднесоа повеќе членови на владата, меѓу кои и главниот актер во тајното видео, вицеканцеларот на Австрија.

Сега се очекува состав на експертска влада , која ќе раководи до предвремените парламентарни избори на есен.