Израелските медиуми јавија дека вчера попладне, за време на партиски говор на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Ашкелон на југот на Израел, паднала ракета истрелана од Палестина и тоа во близина на местото каде се одржувал собирот.
Премиерот и неговата сопруга се однесени на безбедно место.
Во партијата се одржуваат партиски избори и Нетанјаху е често меѓу членството во внатрешноста на земјата.
Никој не ја презеде одговорноста за истреланата ракета.