Палмер: Македонија може да стане членка на НАТО до пролет 2020 година

Заменик на помошникот на американскит државен секретар, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Македонија може да стане рамноправна членка на НАТО сојузот на пролет 2020 година. Услов за тоа е целосна примена на Договорот со Грција.

,,За 18 месеци од сега, тоа е реално време за зачленување на Македонија“-изјави Палмер.

Тој, меѓутоа, искажа загриженост заради руското влијание на Западен Балкан, вклучувајќи го обидот за подривање на одлуката на Македонија за зачленување во НАТО.

,,Москва гледа интерес во регионот и продуцира немир, нервоза и недовераба. Таа промовира цели на Блканот кои се во спротивност на интересите на САД“-рече Палмер.