Палмер ѝ даде поддршка на Грција во одбраната на границите од ,,заведените“ мигранти

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, и ѝ даде целосна поддршка на Грција во справување со ,,заведените“ или измамените мигранти како што рече.

,,САД го поддржуваат правото на Грција да ја обезбеди својата копнена граница со Турција“-изјави тој и предупреди на дестабилизирачки ефекти од ,,измамените“ мигранти.

,,САД сметаат дека моменталната состојба е неодржлива и неприфатлива“-рече Метју Палмер за време на посетата на грчкиот град Александопулос, пренесува Катимерини.

Оцени дека неконтролираното движење на повеќе илјади мигранти, кои се измамени и веруваат дека патот кон Европа е отворен, е состојба која мора брзо да се смени.

Палмер вели дека Грција има право да ја брани својата граница на начин како смета дека е најдобро.

Тој е импресиониран од подготвеноста, способноста и професионализмот на грчките безбедносни сили.