Пандев на принуден одмор

Горан Пандев доби забрана за настап на два натпревари во Серија А откако на последниот меч, помеѓу неговата Џенова и Пескара, доби црвен картон.

Во дисциплинскиот извештај на Серија А е наведено дека Пандев користел „навредлив израз“ кон судијата Масимилијано Ирати, со дополнителна изјава во која тоа било оквалификувано како „срамно зборување“ кон службените лица на натпреварот.

Претходно исклучениот играч на Џенова, Еденилсон, доби „стандардна“ забрана, ќе паузира на еден натпревар,

За Пандев ова е трето исклучување во кариерата, второ во дресот на Џенова.