Паника во Екатеринбург: Во градот владее ХИВ епидемија

Руски здравствени официјални лица соопштија денес дека во Екатеринбург, четвртиот по големина град во Русија, едно лице на секои 50 е инфицирано со вирисот ХИВ.

Регионалниот заменик министер за здравство, Татјана Савинова, рече дека Екатеринбург е зафатен со ХИВ епидемија, пренесуваат руските медиуми.

Екатеринбург има 1,5 милиони жители, а 27.000 лица, односно 1,8 отсто од популацијата има вирус.

Стапката на нови инфицирани со ХИВ брзо расте во Русија, каде што, како наведува агенцијата АП, се забранети извесни превентивни мерки како што е метадонската терапија за зависниците од дрога.

Околу 800.000 лица во Русија моментно се регистрирани како позитивни на ХИВ, но официјалните лица наведуваат дека бројот на луѓе кои имаат вирус е речиси двојно поголем.