Паника во Москва, евакуирани три метро станици

По анинимно јавување за поставена бомба, евакуирани се околу 3000 патници од станици во московското метро. Анонимен јавувач рекол дека е поставена бомба во подземната железница во централниот дел на Москва, по што целосно беа затворени и евакуирани станиците Казански,Ленинградски и Јарославски.

Полицијата ја пребарува областа, а донесени се и специјални кучиња, трагачи по експлозив.

Анонимниот повик е упатен во најфреквентниот дел од денот, кога милиони московјани со подземната железница одат на работа.