Паника на њујоршки Тајмс Сквер по пукање на ауспух на мотор(видео)

Њујоршката полиција соопшти дека вчера на Тајмс Сквер настанала паника меѓу луѓето поради пукање на аспухот од издувните гасови на еден мотоцикл при поминување низ улицата на овој најфреквентен дел на Њујорк.

Присутните на Тајмс Сквер почнале да бегаат во паника.

По објавувањето на ова видео на социјалните мрежи, полицијата побрза да демантира дека има било каква вооружена престрелка или напад на Тајмс Сквер.

Тие ги смируваа луѓето дека се работи за звук од ауспух на мотор.

По последните масовни убиства во САД, Американците и туристите не се чувствуваат сигурни и реагираат на овој начин на секој звук што потсетува на истрели или пукање од огнено оружјее, коментираат американски медиуми.