Панчевски и лажните ФБ профили

 

Горан Стаменковски вработен во Основен суд Скопје 1 тврди дека до неодамнешниот претседател на судот Владимир Панчевски користел лажен профил или профил на пријател под име Јасмина Бандини Блажевска преку кое го објавил и коментирал неговото боледување.

Претходно, Панчевски го распоредил на пониско работно место од раководното во кадровски ресурси по што Стаменковски поднел претставка до Државниот инспекторат за труд , кој утврди дека поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски, незаконски го прераспределил на друго работно место вработениот Горан Стаменковски.

Трудовата инспекција по претставка на оштетениот и по извршени проверки во судот, констатирала дека одлуката што на 28 септември била донесена „не е во согласност со член 60 став 2 од Законот за судска служба, поради што му се укажува на работодавачот донесеното решение да го укине“.

По ова решение, Стаменковски испрати соопштение во кое информира дека  поднесува кривична пријава за екс-претседателот Владимир Панчевски поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело: „злоупотреба на службени податоци”, од член 149 став 3 а во врска со став 1 од Кривичниот законик на РМ, за кое е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Горан Стаменковски, неодамна беше обвинет дека физички ја нападнал портпаролката на судот , но тој го демантираше тоа . Влошувањето на меѓучовечките односи во Основен суд Скопјке 1 кулминираа последните месеци, по што 15 судии со петиција се обратија до Судскиот совет за да побараат Панчевски да не го злоупотребува, како што велат, официјалниот веб сајт на Судот за приватни тужби и контратужби со нивен колега, судијата Иван Џолев, кој пак јавно проговори за притисоците од Панчевски.

Деновиве исто така од лажен профил на ФБ беше објавена фотографија од процесот ,,Тврдина,, на кој беше забрането снимање и фотографирање, па затоа СЈО искажа сомнеж дека можеби е злоупотребена опремата за снимање на судски процеси кога има заштитени сведоци.

Се уште нема официјално известување дали надлежните институции ги истражуваат сомнежите за користење лажни профили на кои се објавуваат интерни документи и фотографии од Кривичен суд и кој ги креирал и користел тие ФБ профили, коли во меѓувреме се затворени.

АКО.МК актуелно-објективно