Панчевски почна сам да ги урива двата дивоизградени ката

(обновено)Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски почна сам да ги урива двата дивоизградени ката на објект во реновирање во строгиот центар на Скопје, на улица ,,Никола Вапцаров”  6. Тој доби решение од градежната инспекција на општина Центар дека заради нелегално градење опоштината ќе пристапи кон уривање на нелегалната градба , по што како што ни рече негов близок роднина член на семејството Панчевски, се одлучиле сами да ги отстранат двата дополнителни ката за кои немаат дозвола.

На местото каде се наоѓа зградата во приватна сопственост на семејството Панчевски беше неговиот  братучед Стојан Панчевски, кој ни кажа дека имотот го добиле со денационализација. Немаше одговор зошто изградиле уште два ката кога за тоа немале градежна дозвола.

bratuced uri

Инаку, објектот кој се наоѓа непосредно до споменикот на Ченто во улицата што води кон Mинистерство за правда неодамна беше реновинар од страна на град Скопје во акцијата со обновување на фасадите.

Адвокатот на семејството Благоја Поповски рече дека инвеститорот одлучил сам да ги отстрани катовите.

 

%d0%b0%d0%b4%d0%b2%d0%be%d0%ba%d0%b0%d1%82

Тие решиле објектот да го вратат во првобитна состојба, но адвокатот немаше одговор зошто не ја сочекаат жалбената постапка да заврши, бидејќи како што рече претходно тие се жалеле и таа е во тек.

Според адвокатот, семејството Панчевски смета дека е жртва на постапувањето на општина Центар.

Раководителот на Сектор за инспекциски служби во општина Центар Кочо Стојчевски рече дека Владимир Панчевски и другите инвеститори  решиле сами да ја отстранат спорната градба, што ќе се третира во понатамошната постапка како доброволно уривање.

Градоначалникот Жерновски утрото потпишал договор за уривање со фирма специјализирана за тоа.

Доколку се извршеше решението и не пристапеа кон доброволно отстранување на дивите катови, Владимир Панчевски и членови на неговото семејство ќе се соочеа со кривична пријава за кое дело е предвидена затворска казна од три до осум години или одземање на објектот во корист на државата. Исто така, инвеститорите би ги платиле сите трошоци на општината доколку таа пристапеше кон уривање, кои се значително повисоки отколку при доброволно уривање.