Папата Франциск се потпиша на подареното ,,Ламборгини“, го освети , а потоа даде дозвола да се однесо во аукциската куќа „Сотбис“, каде на аукција ќе биде продадено, а парите потоа донирани во хуманитарен фонд.

Автомобилот има 610 коњски сили, а неговата цена е 200.000 евра.

Моделот  „уракан“ е во бела боја , но има златни линии на каросеријата и на ретровизорите, во духот на одората што ја носи Папата.

 

Возилото ќе се продаде по пат на аукција, а парите, меѓу другото, ќе се наменат за изградба на црква и куќи на прогонетите христијани во провинцијата Нинава , во Ирак.

 

Италијанската компанија за луксузни автомобили ,,Ларбонгини“, на Папата му го подари овој луксузен автомобил, но тој и натаму одбива да се вози во скапи автомобили, дури и кога оди во посета во странство. Во Ватикан користи син, стар ,,Форд Фокус“.