Параглајдерист починал откако се спуштил со леталото

На 09.04.2018 година во 15,00 часот било пријавено дека над с.Сермин-гевгелиско, во близина на манастирот „Свети Илија“, бил пронајден починат М.Ќ.(47) од с.Мрзенци-гевгелиско, кој бил член на Клуб за екстремни спортови.

Имено на М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време истиот починал. Од страна на лекар од  Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, соопшти МВР.