Парискиот хотел “Риц” заработи рекордни 7,3 милиони евра од продажба на мебел

Луксузните парчиња мебел  на легендарниот хотел “Риц Париз“ се продадени на аукција за рекордни 7,3 милиони евра, соопшти аукциската куќа „Арткуриал“.

Хотелот, кој е отворен во 1989 година и извесен период бил дом на Ернест Хемингвеј, Марсел Пруст и Коко Шанел, понуди десет илјади предмети и сите беа продадени на аукцијата. Меѓу нив се и столици од барот „Хемингвеј“, харфа од салата „Пруст“, но и када од 19-от век. Цените се движеа од 100 евра за пар чаршафи до 10.000 евра за пар скулптури на нимфи кои држат бронзени факели, кои биле користени како украс во лобито.

Аукциската куќа соопшти дека продажбата на предметите од „Риц“ во светски рамки ги надминала според добивката сличните вакви аукции. Во 2013 година во Париз,”Хотел де Кријон“ заработи 5,9 милиони евра од продажба на мебел, додека “Хотел Плаза Атене“ 1,4 милиони евра.

Од 1979 година сопственик на хотелот “Риц” е египетскиот милијардер Мохамед ал Фајед.