Парични казни за родители на првачиња во Прилеп

Државниот просветен инспекторат прекршочно ги гони родителите кои наместо  во ООУ ,,Добре Јованоски,, во Прилеп,  своите деца  ги запишале во друго реонско Основно училиште.

Училиштата кои примиле деца од друг реон, а не ги известиле родителите дека тоа наводно е противзаконски, не сносат никаква одговорност.

Казнените налози, сите во висина од по 60 евра, пристигнале на домашни адреси на родителите во обични писма со штембил од ООУ „Добре Јованоски“.

 

         

Директор на ова основно училиште е Виолета Лашкоска, мајка на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска.

Во истото училиште вработени се и регионалниот претседател на СОНК и член на ДПМНЕ, Златко Думбалоски, како и неговата сопруга Верица Думбалоска.

Како врв на безобразието,- вели Петра Лукароска -член на комисија за образование на СДСМ од Прилеп, е тоа што  казнените налози се без печат од Државниот просветен инспекторат и без право на приговор.

,,Ќе ставиме крај на одмазничкото и селективно казнување.

Нема да дозволиме предизборното полнење на буџетот на грбот на родителите.

СДСМ Прилеп нуди бесплатна правна помош за казнетите родители,,-рече Лукароска која ги повика родителите кои се казнети ад се обратат за помош.