Паркинзите и улиците во Аеродром како аеродромски писти

(фото:бул.АВНОЈ-зад сала,,Јане Сандански”)

Паркинг просторот околу зградите во општина Аеродром, улиците и паркиралиштата се заледени, неисчистени и опасни и за пешаците и за возилата. Откако паднаа снегот и температурата, нема реакција од општината која пред неколку дена се пофали дека веднаш излегле на терен и ги расчистила булеварите.

Зимската служба на Општина Аеродром од утрово, 5.1.2017 година, откако почна да паѓа првиот снег зимава, излезе на терен и непрекинато во текот на ноќта ги расчистуваше паркинг-улиците и патеките, кои се под надлежност на општината-соопштија од општина Аеродром пред 5 дена.

Во текот на утринските часови на територијата на Општина Аеродром, на 5 јануари, се фрлени околу 7 тони сол и во ниту еден момент не се дозволи да има застој или проблеми со сообраќајот на улиците во општината. Улиците континуирано се расчистуваа со возилата за зимско одржување улици што Општина Аеродром ги набави за таа намена.

Исто така, се ангажирани и сезонските работници да ги расчистуваат приодите околу градинките и училиштата, а се интервенира и на автобуските постојки.
Екипите на зимската служба на Општината се подготвени со 400 тони сол и за нови поголеми врнежи од снег. Тие ќе ја следат состојбата и понатаму и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите-апелираа од општината пред пет ден.

Но, сликата на терен , што се однесува до улиците и паркинзите е поинаква. Тиое петти ден не се расчистени и се заледени и опасни за движење.

АКО.мк