Време денешно, време сегашно, време на корона. Образовните институции не работат, но затоа парковите се пуштени на турбо. Секој божји ден, секоја вечер. Без исклучок. Млади седат со часови на клупите. Гласно зборување, викање, гласна музика, понекогаш инциденти. Еден пријавен случај на пукотници со оружје. Сторителите, се разбира, не се пронајдени.

Наутро изгледаат вака:

Во новоизградено детско катче се славеше со алкохол. Потоа оставено сѐ така.

ако е ова новото нормално, тогаш признавам дека сум ненормална.Редно е да престанеме да глумиме дека правиме нешто за…

Posted by Емилија Лазаревска on Sunday, September 20, 2020

Ден потоа, истото, само доуништено и расфрлено наколу.

Сакав да раскажам уште една вчерашна полноќна случка меѓу деца, машки од една и женски од друга, но си реков, нека остане тоа на ФБ.

Патем, кога е следниот протест за Гоце Делчев? А кога ќе викаат ,,мртов шиптаааа…….“?!

Емилија Лазаревска