,,Паркови и зеленило“ го исчистија ѓубрето на станарите од ,,Вера Јоциќ“број 12

Вработени од ,,Паркови и Зеленило” утрово го исчистија паркчето на ул. Вера Јоциќ бр. 12 во скопската населба Кисела Вода по видеото кое го сними пред некој ден жител на оваа населба и го објави на социјалните мрежи.

 Станарите на таа зграда ѓубрето го фрлаат од тераса без око да им трепне, тврди граѓанинот кој го објави видеоето.

Еве како изгледаше под прозорците на станарите на оваа зграда:

А еве како изгледа сега по чистењето:

Скопје се соочува со голема некултура на граѓаните, но и слаба реакција на локалните власти.

Надлежните мора да преземат сериозна акција не само со чистењето , туку и казнување на несовесни граѓани.