Паркот ,,Ибни Пајко“-урнек за урбано и оригинално градско катче

Ноти на патеката кон Македонска филхармонија

Вчера Скопјани добија ново место за уживање и релаксација, паркот Ибни Пајко во срцето на градот. Со многу зеленило и застапеност на елементи на урбано и хумано живеење, Ибни Пајко станува место со кое граѓаните ќе се гордеат и со задоволство ќе го посетуваат.

Паркот Ибни Пајко се наоѓа на територија на Општина Центар, во едно од најстарите Скопски маала „Пајко Маало“ и е едно од местата кое низ призмата на модерно уредување ќе потсетува на Скопје од минатото, а по содржините кои имаат за цел да ги зближат скопјани, на традицијата на маалскиот живот. Препознавајќи ја вредноста и значењето за граѓаните на овој проект, Општина Центар финансиски ја поддржа изградбата на паркот.