,,Паркот на езерата“ во Општина Аеродром е целосно уништен и запуштен

Некогашното мирно, искосено, изметено, средено и убаво одржувано катче во Општина Аеродром, е целосно уништено.

Ова прескапо платено одморалиште на жителите на оваа населба, кое во првите години беше масовно посетувано и од оние од соседните населби, сега е претворено во место за журки на отворено, собиралиште на младите навечер, место за лечење на насобраните фрустрации од ограничувањата поради епидемијата на Ковид 19.

Тука се гради и новиот мост кон Автокоманда, ги нема веќе 24 часовните дежурства на комуналците во куќичката крај паркот, која патем е претворена во собиралиште на стари работи.

Една целосно поразувачка и тажна слика на нашето секојдневие.