Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, по победата на Вардар против Сегед со 31-23 изјави дека сезоната била тешка но тимот покажал дека кога е најтешко одиграл најдобро.

„Оваа сезона многу пати кажав дека сум горд на играчите. Сега би сакал да го повторам истото уште еднаш. Имавме многу проблеми, имавме многу несакани работи, но ги надминавме и одигравме на врвно ниво, онака како што треба да се одигра еден последен меч пред оваа публика во Скопје.“, изјави Парондо