Партиите ги доставија финансиските извештаи во ДИК

Партиите ги доставија финансиските извештаи до Државни изборна комисија, која ги објави на нејзината интернет страница ДИК.

Според прегледот во извештајот на ВМРО ДПМНЕ може да се забележи дека донирале главно сите актуелни функционери во Влада кои се уште се носители на извршната власт или директори на одредени институции,пратеници од минатиот пратенички состав, градоначалници и други. Заведени се 477 донации, а најголем донатор е Кирил Божиновски поранешен генерален секретар на Влада и на партијата со речиси 90.000 денари. Меѓу донаторите се и имињата на Зоран Џорлев, Дејан Пројковски, Канческа-Милевска,Билјана Беличанец, Оливер Ромевски кој од редовите на ГРОМ стана Директор на Хидрометеоролошки завод и други.

Собрани се вкупно 7.431.579.00 денари, а само за пропаганда и реклами потрошени се 28.381.279.00 денари, тројно повеќе.

Финансискиот извештај на ДУИ на пример, покажува дека донатори на партијата се фирми. Донациите се движат од 150.000 илјади денари до 1.800.000 илјади денари.

Финансиски-извештај ДУИ

 

Најскромен е финансискиот извештај на Левица со собрани 104.000 денари пари од донации.