Партиите го кршеа изборниот молк со спонзорирани содржини на социјалните мрежи

Мониторинг тимот на Цивил забележа бројни прекршувања на изборниот молк.

 ,,Помеѓу другите содржини, на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Месинџер сѐ уште се споделуваат спонзорирани содржини од страна на некои политички партии и нивни лидери.

Тимот на Цивил забележа дека една политичка партија на својата Фејсбук страница, во моментов има дури 57 активни спонзорирани реклами. Понатаму, друга партија, својата предизборна кампања ја продолжува на социјалните мрежи со 13 активни спонзорирани содржини, исто така на социјалните мрежи Fејсбук, Инстаграм и Месинџер.

Освен партиите, и лидерите на политичките партии и носители на изборни единици на престојните избори го кршат молкот со тоа што имаат активни реклами на своите профили на социјалните мрежи. Па така, лидерот на една политичка партија во моментов има 20 активни содржини, а носител на листа во изборна единица од друга партија има 6 активни спонзорирани реклами.

Сите случаи наведени во овој текст се архивирани со сите потребни информации, видео записи, фотографии и други детали,  за коишто ЦИВИЛ ќе подготви детален извештај по изборите“-се вели во соопптението на Цивил, кој исто така ќе има свои набљудувачи на денот на гласањето и редовно ќе известува на прес конференции.