Во СДСМ денеска се одржа комеморација по повод трагичната прерана смрт на нивниот партиски колега и другар, Трајче Нешковски.

Членовите на социјалдемократската младина се простија од својот прерано починат другар со кого поминале денови протестирајќи против претходната власт под закрила на Шарената револуција.





https://www.facebook.com/martinvanmanevski/videos/10158672592324450/

На комеморацијата присуствуваше семејството на Трајче Нешковски. Лидерот на партијата, Зоран Заев, се прости од својот сопартиец.

,,Трајче имаше големо срце. Тој беше голем борец, отпораш, револуционер и слободар!Имав среќа да ми биде најблизок соработник во многу тешки и ризични времиња. Но, за него зборовите ризик и страв не постоеја.Цело време беше научен да се бори.За државата, за слободата, за младите, а последниве месеци се бореше за да спаси човечки животи.Трајче, секогаш ќе се водиме по твоите идеали.Човек може да умре, но идеја и херој никогаш!Hasta la victoria siempre“-нпиша Стефн Богоев.

Пред два дена МВР објави дека на 14.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко.  Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Генералниот секретар на СДСМ, упчо Николовски објави дека се работи за нивен партиски другар, колега, доктор и пријател.