Партиските копја ќе се кршат во ИЕ 4

До полноќ во ДИК беа доставени листите за пратеници од сите партии кои ќе учествуваат на предвременеите парламентарни избори на 11-ти декември.

Најинтересна битка ќе се води во ИЕ 4 каде силите ќе ги одмерат лидерите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев, како и носителот на листа на ВМРО за Македонија Љубчо Георгиевски.

Еве ги носителите на изборни листи во сите ИЕ:

Изборна единица 1

Стево Пендаровски-Коалиција СДСМ
Никола Попоски-Коалиција за подобра Македонија
Павле Трајанов-Коалиција за промени и правда
Ден Дончев-Коалиција ,,ВМРО за Македонија,,
Ивон Величковски-Либерална партија
Димитар Апасиев-Левица
Артан Груби-ДУИ
Идриз Орана-ДПА
Зеќирија Ибрахими-НДП и БЕСА

Изборна единица 2

Оливер Спасовски-Коалиција СДСМ
Никола Тодоров-Коалиција за подобра Македонија
Јове Кекеновски-Коалиција за промени и правда
Љупчо Балковски-Коалиција ,,ВМРО за Македонија,,
Кире Бузлиев-Либерална партија
Трајче Стојанов-Левица
Ејуп Халими-ДУИ
Орхан Ибраими-ДПА
Африм Гаши-НДП и БЕСА

Изборна единица 3

Љупчо Николовски-Коалиција СДСМ
Илија Димовски-Коалиција за подобра Македонија
Весна Стојменовска-Коалиција за промени и правда
Стојанче Ангелов-Коалиција ,,ВМРО за Македонија,,
Данчо Марковски-Либерална партија
Марија Џонс-Левица
Нафи Дурмиши-ДУИ
ДПА – Самир Рушити-ДПА
НДП и Беса – нема

Изборна единица 4

Зоран Заев-Коалиција СДСМ
Никола Груевски-Коалиција за подобра Македонија
Слободан Богоевски-Коалиција за промени и правда
Љубчо Георгиевски-Коалиција ,,ВМРО за Македонија,,
Даница Јованова-Либерална партија
Митко Николов-Левица
Артин Спахиу-ДУИ
ДПА – нема
НДП и Беса – нема

Изборна единица 5

Радмила Шекеринска-Коалиција СДСМ
Антонио Милошоски-Коалиција за подобра Македонија
Александар Делов-Коалиција за промени и правда
Љубе Бошкоски-Коалиција ,,ВМРО за Македонија,,
Кице Мицковски-Либерална партија
Здравко Савески-Левица
Агим Шаќири-ДУИ
Адријан Усеини-ДПА
Арбен Лабеништи-НДП и БЕСА

Изборна единица 6

Петре Шилегов-Коалиција СДСМ
Влатко Ѓорчев-Коалиција за подобра Македонија
Коалиција за промени и правда – нема
Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Достоинство
Бранко Мајсторовски-Либерална партија
Али Ахмети-ДУИ
Мендух Тачи-ДПА
Билал Касами-НДП и БЕСА