Партиски намесници и во Управниот одбор на ЈП ,,Лајка“ кое треба да се грижи за бездомните животни

Нема реакција од градот или од градоначалникот на Скопје, по објавата на здружението за заштита на животни, Анима Мунди, дека партиски луѓе се поставени во Управниот одбор на ЈП кое раководи со стационарот Врадариште, наречено неодамна, откако беше формирано, со симболичното име ,,Лајка“.

Но , новото име не донесе нови ветришта , како што најавуваше Шилегов, туку продолжи старата пракса на именување на партиски блиски луѓе, наместо на претставници на невладините кои се занимаваат со ова прашање или едноставно на луѓе кои имаат појма со одредени области и теми.

Во овој управен одбор, според Анима Мунди, ќе седат: Мери Николова, сопругата на Агрон Буџаку од ДУИ, поранешен амбасадор во Франција. На листата има двајца активисти за заштита на животните, а за претседател на Управниот одбор се предлага Никола Савовски од СДСМ.

За членови на Надзорен одбор се предлагаат Фатмир Арифи, Радица Тодоровска-Алексовска и Сакип Аџами.

На листата нема ниту еден член на некое од постоечките долгогодишни здруженија за заштита на животните.


,,Лажни се сите „добронамерни” мотиви на Градот Скопје, со оглед на тоа што денеска заседава Советот за именување претседател и членови на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Лајка– Скопје, а здружението Анима Мунди кое постои 10 години и дејствува во континуитет, мобилизира активисти, кое спасува, стерилизира, вдомува и лекува улични животни, кое има публикувана повеќегодишна Стратегија за надминување на проблемот со бездомните кучиња со која ќе се гарантира јавната безбедност и здравствена заштита на населението НЕ Е НИТУ КОНТАКТИРАНО, НИТУ КОНСУЛТИРАНО НИТУ ПАК ПОКАНЕТО ДА ПРЕДЛОЖИ СООДВЕТНИ ЛИЦА ЗА УПРАВНИТЕ И НАДЗОРНИТЕ СТРУКТУРИ.
  Со исклучок на Теона Георгиевска која е активист кој подолг период спасува кучиња од Вардариште, спорен е предлогот на секој од наведените лица.
ГРАДОНАЧАЛНИКУ ШИЛЕГОВ, ВИ СЕ ОБРАЌАМЕ ЈАВНО немаме ништо против никого, не нѐ изненадува што во управните и надзорните одбори си предлагате и ставате ваши подобни и/или партиски луѓе, но не го ставајте активизмот во уста напразно и лажно! Приказната дека Вардариште е на активистите е манипулација и лага. Ова се некои ваши активисти кои сега прв пат стапнуваат во Вардариште.Ние нема да дозволиме новоформирано здружение со искуство од неполни 2 месеца да биде некакво покритие со кое ќе демонстрирате лажна отвореност кон граѓаните и подготвеност за соработка!Нема да дозволиме нечие неискуство, недоволни знаења или дискутабилни намери бидат параван за утрешниот неуспех да биде припишан на граѓанскиот сектор! „-се вели во реакцијата на Анима Мунди.Д

Инаку, „Лајка“ е новото име на „Вардариште“. Неодамна градот формираше ново јавно претпријатие и ја назначи Тина Петрушевска да раководи со овој стационар за улични кучиња, а како што најави, членови на управниот одбор ќе бидат граѓанските активисти и здруженија.