Партијата Фидес на Орбан е суспендирана од Европската народна партија

Европската народна партија ја суспендираше унгарската Фидес на премиерот Виктор Орбан.

За суспензија гласаа 190 , а против беа само 3 членки на оваа најсилна европска групација која ги обединува демохристијанските десно ориентирани и конзервативни партии во Европа.

Претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, објави на Твитер дека оваа одлука останива на сила до некоја наредна.

Суспензијата се однесува на присуството на состаноците на членките на ЕПП и на предлагање имиња за одредени позиции во органите на ЕПП.