,,Издавам решение за стопирање на градбата кај Мајчин дом, бараме трајно решение за заштита на плацот. Силно ја поддржувам борбата за јавниот простор и ги преземам сите можни мерки и напори за трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Проблемот ќе го решаваме заедно со граѓаните, инвеститорот и Градот Скопје. Во петок ќе одржиме вонредна седница на Советот на Општина Аеродром. Ги повикувам претставниците на граѓанските здруженија и сите засегнати граѓани да присуствуваат и да бидат дел од процесот на барање решение“-објави на својот ФБ профил градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.

Реакцијата следуваше по вчерашниот протест на жителите на Аеродром, кои се спротиставија на градењето на оваа парцела и воопшто на сите зелени површини во општината.