,,Лажливо лето ’68“ или оригиналниот наслов ,,Варљиво лето’68“ е филм со култни содржини и вредности од неповторливата југословенска кинематографија. Зад режисерската палка седеше, тогаш веќе етаблираниот, но контроверзен за тоа време режисер, Горан Паскаљевиќ. Филмот не бил прифтен да се прикажува во официјалната конкуренција на пулскиот фестивал и бил прогласен за неперспективен и некомуникативен филм.

Сцените од овој навистина брилијантен филм, се предмет на анализа и раскажување до денес.

Глумицата Ивана Михиќ, која тогаш имала 13 години и ја глумела сестрата на Славко Штимац, Петар Цветковиќ главен лик во филмот, покрај брилијантниот Данило Стојковиќ, напиша дека оваа улога ѝ ја одредила судбината и му се заблагодари на Паскаљевиќ што ја зел во екипата.

Во 74 година од животот во Париз вчера почина култниот српски и југословенски режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ.

Тажната вест ја соопшти семејството, а први ја објавија на порталот курир.рс.

Паскаљевиќ има режирано преку 30 документарни и 18 играни филмови.

Еден од најпознатите долгометражни играни филмови е ,,Чувар на плажата во зимскиот период“.

Паскаљевиќ го режираше и филмот ,,Буре барут“ по текст на Дејан Дуковски за кој ја доби престижната награда на критичарите за најдобар европски филм во 1998 година.

Википедија, меѓу другото, ги бележи сите негови остварувања:

Филмови кои ги режираше Горан Паскаљевиќ(оригинални наслови)
Год.НазивЖанрНаграда
1970.-те
1972.Легенда о лапоту
1973.Слуга
1976.Чувар плаже у зимском периоду
1977.Пас који је волео возове
1979.Земаљски дани теку
1980.-те
1980.Посебан третман
1982.Сутон
1984.Варљиво лето ’68
1987.Анђео чувар
1989.Време чуда
1990.-те
1992.Танго аргентино
1995.Туђа Америка
1998.Буре барута
2000.-те
2002.Како је Хари постао дрво
2004.Сан зимске ноћи
2006.Оптимисти
2009.Медени месец
2010.-те
2012.Кад сване дан
2016.Земља богова
2019.Упркос магли
2020.-те
2021.Мачји крик

Филмски сценарија

Филмови за кои сценариото е напишно од Горан Паскаљевиќ
Год.Назив
1973.Слуга
1979.Земаљски дани теку
1982.Сутон
1987.Анђео чувар
1989.Време чуда
1998.Буре барута