Патник запали возач во Австралија

Во Австралија во градот  Бризбејн се случи шокантно убиство. Пред патниците кои се наоѓале во автобусот, еден патник најверојатно откако влегол на автобуска постојка , го полеал со бензин и  го запалил возачот на автобусот , кој од последиците почина на местото на настанот.

 

 

Возачот е идентификуван како Манмат Алишер (29), инаку познат пејач меѓу индиската заедница во Бризбејн.

Присутните патници успеале да излезат од автобусот откако ја искршиле вратата, а 11 од нив побарале лекарска помош заради последици од вдишаниот чад.

Мотивот за нападот засега не е познат, но полицијата отфрла дека станува збор за терористички напад.

Ќе се истражува дали се работи за убиство од расни побуди.

 

Фото -несреќниот возач Манмат Алишер