Обновено:Патничката од Милано нема корона вирус

Резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста, објави Министерството за здравство.

Претходно информираа дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со завчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје.

Досега беа тестирани два сомнителни случаи, но не беше дијагностициран овој вирус.