Пекарницата BREADWAY за два месеца е ограбена три пати(видео)

Во последните два месеца во локалот на пекарницата BREADWAY на Плоштад Македонија било три пати провалено. Провалите се случувале во интервалите помеѓу 19:00 и 23:00 часот, во период од годината кога плоштадот е прилично фреквентен.

Сопствениците на нивната ФБ страница поставија неколку видео снимки од внатрешната безбедносна камера на која се гледаат крадците како речиси безгрижно крадат.

На првата снимка се гледа како маж влегува во локалот и ја користи зафатеноста на продавачката за да земе пари од касата.

Според сведочење на некои луѓе, истиот човек е виден во пповеќе продавници низ градот како карде.

На втората снимка крадецот оперира во сите простории на пекарницата.

,,Овој пост има една и единствена цел да ја подигне свеста во какво опасно и небезбедно општество живееме во моментов. Ние немаме намера да тераме истрага на социјални мрежи, тоа е работа на органите на власта. Сакаме само да доловиме кое ниво на храброст и чувство за недопирливост владее кај ситните квази криминалци во нашата татковина во моментов.
Материјалната штета која е причинета е помалку важна и идентитетот на сторителите ни е веќе познат. Споделете го постот за да си ги отвориме очите меѓу себе, додека сеуште не е предоцна“-велат сопствениците на паекарницата Бредвеј на Плоштад Македонија.

АКО.мк