Во Пекинг заврши изградбата на најголемиот аеродром во светот според бројот на патници што може да ги прими и услужи истовремено.

Меѓународниот аеродром ,,Дисинг“, кој се наоѓа на 46 километри од Пекинг, се протега на 1,4 милиони квадратни метри, а површината на која се наоѓааат темелите на зградата е со големина од 25 фудбалски игралишта.

Аеродромот официјално треба да започне со работа на 30 септември.

Предвидено е до 2025 година на годишно ниво тука да поминуваат по 72 милиона патници, да се остварат околу 620.000 летови , додека до 2040 година се предвидува опслужување на 100 милиони патници и преку 880.000 летови годишно.