Пендаровски бара Антикорупциска да ги истражи наводите за непотизам во Агенција за разузнавање

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска  по обвинувањата изнесени од страна на  ВМРО-ДПМНЕ за наводен судир на интереси во Агенцијата за разузнавање , побара Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да ги провери наводите.

-Во однос на прес-конференцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во која се посочува за наводен судир на интерес од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу , во однос на кадровски решенија во АР, Претседателот на Република Северна Македонија ја повикува Државната комисија за спречување на корупција истите да ги провери веднаш, се вели во реакцијата.

укаќуваат и на политичка одговорност поради објавување на евентуално непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на Република Северна Македонија, особено во период кога земјите сојузници од НАТО ја спроведуваат постапката за ратификација на Протоколот за членство.