Пендаровски: За првпат во специјалната единица ,,Волци“ има Албанци, градиме мултиетничка Армија

,,При денешната посета на Баталјонот за специјални намени и Ренџерскиот баталјон имав можност повторно да се уверам во нивната дисциплина, посветеност и подготвеност во извршување на најспецифични задачи. За првпат единицата “Волци” има припадници од албанската етничка заедница и со тоа придонесува кон вистинско градење на мулти-етничка Армија што го отсликува нашето општество. Припадниците на нашата Армија се нашите најголеми амбасадори со учеството во многу меѓународни операции, обуки и вежби, интероперативна со партнерите и наскоро Армија на членка на НАТО“-изјави Претседателот на РСМ и Врховен командант, Стево Пендаровски..