Пендаровски им ја честиташе победата над Косово на фудбалерите на Македонија

,,Момци, честитки за победата, се гордееме со вас! Вечерашниов успех нека биде мотив повеќе да победиме и во решавачкиот меч со Грузија.Напред!“- напиша на социјалните мрежи претседателот Стево Пендаровски по победата од 2:1 на репрезентацијата на Македонија над Косово.

#MKD #EURO2020
фото: uefa.com

Се огласи и премиерот Заев од Брисел.

,,Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. Честита победа на нашите македонски фудбалери, нашата гордост, нашиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на косовскиот тим за добрата игра“-напиша Заев. 🇲🇰🇽🇰#EURO2020#MKDKOS