Пендаровски: Неопходно е државата континуирано да ја консултира МАНУ за суштинските прашања

Претседателот на Републока Северна Македонија, Стево Пендаровски, разговараше со академици од МАНУ.

,, На средбата со делегацијата на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ, предводена од претседателот Таки Фити, разговаравме за состојбите во државата. Заеднички констатиравме дека МАНУ има клучна улога во развојот на нашето општество, преку науката и научната мисла, негувањето и унапредувањето на уметностите.

Ме информираа за тековната работа на Академијата, како автономна институција и ја нагласивме потребата од постојано инвестирање во науката, како клучен предуслов за одржлив општествен развој на државата.

Неопходно е државата континуирано да ја консултира Академијата на науките и уметностите, за сите суштински прашања од политичката, економската, социјалната и културната област“-изјави Пендаровски.