Пендаровски: Раздвојувањето на Македонија од Албанија е единствениот можен пат кон ЕУ

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, смета дека раздвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија, не е добро, но е единствен можен начин за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.

Како што пренесува Танјуг, Пендаровски ова го изјавил за Еуроактив за време на посетата во Брисел.

,,Најголем проблем е како да се изведе ова раздвојување. Во Албанија е сега хаос. Опозицијата ги напушти институциите. Што да кажеме ? Ние имавме позитивна препорака од Комисијата и претходно, а и порано сме биле одвоени од Албанија“-изјавил Пендаровски за Еуроактив во четвртокот.