Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прогласи за започната новата студентска година на Правниот факултет во Скопје кадешто и тој има дипломирано.

,,Им посакувам среќен почеток на сите ученици и студенти. Иако годинава пандемијата на Ковид 19 од темел го измени нашето секојдневие и диктираше промени и во образовниот процес, сите ние мора во од да се адаптираме. Како поранешен студент на Правен факултет на бруцошите им посакав да го користат секој момент за да се стекнат со нови знаење и вештини, да добиваат информации и искуство. Нивниот ентузијазам и енергија се апсолутно неопходни, имајќи го предвид процесот на трансформација на Република Северна Македонија во модерна, демократска и просперитетна држава. Пред нив секако се и најубавите години од животот од кои, покрај учењето, во сеќавање ќе им остане и меѓусебната дружба“-порача Пендаровски.