Претседателот, Стево Пендаровски, денеска имаше интересна средба со еден од ретките произведувачи на виолини кај нас.

Тој беше во работилницата и домот на семејството Богдановски во Велес.

„Тонот е феномен, врв на уметничката имагинација. Тонот не треба да го импресионира свирачот, туку да буди чувства кај слушателот, тоа е тајна што ја крие секоја од моите виолини“, вели Светозар Богдановски. Како самоук уметник, заедно со своето семејство изработува виолини повеќе од 3 децении.

На ремек-делата на Богдановски свират ученици, студенти, но и професионалци. Виолините ги изработуваат во нивниот дом во Велес, којшто плени со хармонија и чувство на смиреност.