,, Претседателот треба да обединува, не да дели, треба да биде правичен и праведен. Јас се обврзувам да бидам таков, вистински претседател на сите граѓани. Како претседател ќе се фокусирам на напредокот на државата и интересот на граѓаните. На нашата земја и” треба независен претседател со интегритет кој ќе се води само и исклучиво од интересот на сите граѓани“.

Оваа порака ја испрати кандидатот за Претседател на РСМ, од СДСМ, Стево Пендаровски од Прилеп.

Тој ја посети ромската населба Тризла.